Откриен и потврден првиот случај на редок сој на птичји грип: Засега нема допирни точки со коронавирусот

Повторно Кина и повторно опасен вирус којако не се локализира, може да биде фатален.

Имено, 41-годишен маж, жител на провинцијата Џијангсу во Кина е првиот случај на зараза на човек со редок сој на птичји грип. Не е соопштено како се заразил. Официјални лица веруваат дека сојот Х10Н3 не се пренесува лесно од човек на човек.

Случајот бил откриен минатата недела. Тој во меѓувреме оздравел и бил пуштен од болница. При следењето на контактите властите не откриле други случаи на зараза.

Во светот не се откриени случаи на зараза со Х10Н3. Ова е пример на повремено пренесување на вирус од живина на човек и ризикот од големо ширење е крајно мал, соопшти Националната здравствена комисија на Кина.

Светската здравствена организација додаде дека во моментов нема назнаки дека има пренесување на вирусот од човек на човек.

Последното сериозно ширење на птичји грип се случи во 2016 и 2017 година, кога од сојот Х7Н9 починале околу 300 луѓе.