Откриен вториот најголем дијамант во светот досега: Најден со помош на специјална технологија
Вториот најголем дијамант откриен досега, со неисечени 2.492 карати, е откопан во Боцвана во рудникот на канадската компанија „Лукара Дајмонд“.
Тоа е и најголемиот дијамант од откривањето на дијамантот „Кулиана“, кој има 3.106 карати и е откриен во Јужна Африка во 1905 година. Исечен е на девет парчиња кои се дел од британскиот кралски накит.
Дијамантот е ископан во рудникот „Карове“ на околу 500 километри северно од Габороне, главниот град на Боцвана. Властите на таа земја објавија дека станува збор за најголемиот дијамант откриен на нивна територија.
Претходно, најголемиот дијамант откопан во Боцвана беше пронајден во 2019 година во истиот рудник.
The 2nd-largest diamond in history has been found in Botswana
— Morning Brew (@MorningBrew) August 22, 2024
It's a huge 2,492-carat rock, the largest found since a 3,106-carat gem in 1905
The previous 2nd-largest diamond on record sold for $53 million in 2015 pic.twitter.com/GYispeKepI
Боцвана е еден од најголемите производители на дијаманти во светот, со околу 20 отсто од производството.
„Пресреќни сме што пронајдовме неверојатен тежок дијамант од 2.492 карати“, изјави извршниот директор на Лукара, Вилијам Лам.
Компанијата не даде дополнителни детали за квалитетот и вредноста на скапоцениот камен.
Дијамантот е откриен преку специјална технологија за рендген патентирана од компанијата Лукара, која се користи за откривање и зачувување на високо вредни дијаманти за да не се скршат за време на ископувањето.
ФОТО: Твитер