Откриена уште една гробница на нови автомобили: 3.000 БМВ пропаѓаат на паркингот заради сол
Американскиот сајт Јалопник откри гробница од скоро 3.000 нови возила на БМВ кои се распаѓаат на отворено во Канада од 2015 година.
По приказната за 9000 нови автомобили „мерцедес“ паркирани на пистата на воениот аеродром во Германија, пристигна уште еден слична, на автомобили БМВ. Овие возила се наоѓаат во Канада и се паркирани веќе неколку години.
Во 2015 година, канадското пристаниште Халифакс беше погодено од силно невреме, токму во процесот на товарот на нови BMW и Mini од брод до железница, за во камиони.
Точно 2.966 нови автомобили во вредност од околу 150 милиони долари требаше да бидат изложени во изложбените салони и да стасаат до крајните клиенти, но времето беше толку засилено што морето прилично ги „засоли“ паркираните автомобили. Тоа беше доволно за да реагира владината агенција Транспор Канада и да нареди на БМВ да ги врати сите автомобили во фабриката заради високата изложеност на солена атмосфера и да ги замени /поправи сите спорни делови.
БМВ ваквите поправки ги сметаше за премногу скапi и едноставно ги замени автомобилите со нови и ги достави до клиентите. Првичните „солени“ примероци беа заборавени сè додека еден читател на Јалопник не ги сликна и ги објави на социјалните мрежи.
Меѓу овие три илјади луксузни автомобили се наоѓаат и бисери како BMW M4 и M6, потоа серијата 7, но се наоѓат и електрични/хибридни i3 и i8.