Откриено од што е болен Чедомир Јовановиќ и зошто прима морфиум
– Лошо е, тој страда од страшна болка, поради што прима кетанол, троодон, па дури и морфиум со четири антибиотици. Сите негови параметри се нарушени. Иако прима флексарин неколку пати на ден, Д димерот кој е одговорен за згрутчување на крвта и предизвикува тромбоза е 12 пати поголем од горната граница, ЦРП што укажува и на некои воспаленија. Неговото железо е на 39, што падна високо на 5- рече за медиумите сопругата Јелена на лидерот на ЛДП на Србија Чедомир Јовановиќ.
Тој е во тешка состојба по прележаната корона во јули, а според информации пласирани во тамошните гласила се вели дека политичарот има тежок облик на плевритис- воспаление на белите дробови. Чедомир за сега е стабилен, без кислородна поддршка, но ќе се следи неговата ситуација.