Ова е 30 години помладата девојка на Бранислав Лечиќ: Актерот (68) се скраси покрај убавата Јелена, еве што прави и зошто ја криеше од јавноста

Фото: screenshot


Актерот Бранислав Лечиќ (68) е во врска со 30 години помладата Јелена со која не се појавува во јавноста

Имено, тие двајца уживаат во љубовта веќе четири години, а Лечиќ еднаш на социјалните мрежи објави нивни заеднички фотографии на кои ги гледаме насмеани и заљубени.

Таа беше голема поддршка за Бранислав во најтешките денови од неговиот живот кога актерката Даниела Стајнфелд го обвини за силување.

Фото: screenshot

- Јелена е уметник и професор, со Бранислав се заедно околу две години. Се поддржуваат, таа му беше голема поддршка во овие најтешки денови од неговиот живот. Некаде на почетокот на нивната романса отишле во Дурмитор, на сафари и така настанала нивната прва заедничка фотографија. Инаку, Јелена има 36 години и работи како асистент на универзитетот по предметите цртање и илустрација – откри тогаш нашиот извор и додаде дека никогаш немало намера да го привлечат вниманието на јавноста.

- Со него ретко се појавуваше во јавност, а заедно се фотографираа само затоа што пишуваше дека му е адвокатка, ќерка... Никој не се ни посомнева дека се работи за нова девојка која успешно ја криел толку долго - заклучи изворот.

View this post on Instagram

A post shared by (@summit_durmitor)


Инаку, Бранислав Лечиќ (68) со првата сопруга Ивана Вујадиновиќ помина 13 години, а од тој брак ги има ќерката Ана и синот Иван.

Лека се разведе од Ивана во 2007 година поради, како што пишуваа тогаш медиумите, нејзино неверство.

Набргу по разводот, актерот најде нова љубов, водителката Нина, со која се ожени и доби син, а подоцна се разведе.

Извор: www.blic.rs