Ова е иста жена: Драгана, рекордерката по број на операции, на носот имала 8 интервенции - Шокантна трансформација на новите фотографии!

Драгана Митар, учесничка во две сезони на реалното шоу „Задруга“, покажа како изгледа по бројните интервенции...

Учесничката во реалното шоу Драгана Митар за прв пат се појави на малите екрани во втората сезона на „Задруга“, кога дури и ја напушти шоу програмата на Пинк за да се разведе од сопругот со кој има син.

Набрзо стапила во врска со учесникот во шоуто Едис Фетиќ, исто така женет, а по турбулентната врска, бројните помирувања и раскинувања решила да се посвети на детето, но и на бројни интервенции за промена на нејзиниот изглед.

 
Драгана и претходно имала силикони, за време на учеството во „Задруга“ и варирала со тежината, а по заминувањето од реалното шоу почнала да го менува изгледот во ординациите на пластичните хирурзи.

Драгана откри дека го оперирала носот само осум пати, а сега на Инстаграм објави слики од ексклузивен ресторан во Белград на кои се гледа нејзиниот тесен струк, долгите нозе и силикони, како и нејзиниот нос во профилот.

Вака изгледаше Драгана некогаш:

Фото: Инстаграм
Извор: Mondo.rs