Ова е крв, не е љубов: Братот на пејачот се заканува со смрт

Пејачот Ник Картер побара забрана за пристап на неговиот брат, пејачот Арон Картер,
поради смртни закани направени на штета на бремената сопруга на Ник и неговото неродено дете.
Ник е загрижен за своето семејство затоа што неговиот брат Арон се заканувал дека ќе ја убие неговата бремена сопруга и нероденото дете.
Полицијата одговори брзо и го одобри неговото барање, па на Арон Картер му беше забрането да се приближува до Ник и неговата сопруга. Арон не смее да биде близу до нив од 30 метри.
"По внимателното разгледување, сестра ми и јас се каеме што моравме да побараме забрана за пристап на мојот брат Арон. Сè поалармантното однесување на Арон и неговите неодамнешни признанија дека размислува да ја убие мојата бремена сопруга и моето неродено дете, не ни останува ништо друго освен да сториме сè, да ги превземеме сите потребни мерки за да се заштитиме себеси и нашето семејство “, објави Ник Картер на Твитер.
#mentalhealth #GunControlNow #GunControl pic.twitter.com/q280ClqyjI
— Nick Carter (@nickcarter) September 17, 2019
Ник Картер, поранешен член на светски познатата поп група „Backstreetboys“, вели дека се надева дека неговиот брат ќе побара стручна помош, но и дека се надева дека Арон нема да стори ништо лошо.
„Го сакам брат ми и искрено се надевам дека тој ќе го добие соодветниот третман што му е потребен пред да си нанесе штета на себе или на некој друг“, додаде Ник.
Арон исто така твитна, велејќи дека не го видел својот брат 4 години и дека нема намера да го промени истото, тој напиша и дека завршил со Ник за цел живот, но исто така ги негирал обвинувањата дека сакал да направи нешто лошо и да повреди некого.
So my brother just got a a restraining order against me. And I was just served lol
— Aaron Carter (@aaroncarter) September 17, 2019
„Зачуден сум од обвиненијата против мене, не сакам да повредам никого, особено не моето семејство“, напиша Арон и додаде:
"Ова е очигледно некаква игра во шах. Сè што барам е семејството да ме остави на мира. Ова е крв. Тоа не е љубов„.
Арон неодамна призна јавно дека има шизофренија и неколку други психијатриски заболувања и дека пие голем број на лекови.