Ова е момчето (15), херој на Русија: Спаси повеќе од 100 луѓе за време на масакрот во „Крокус“ во Москва
Ислам Калилов (15) е прогласен за херој бидејќи спасил повеќе од 100 луѓе во нападот во Москва, а тоа се случило затоа што дошол да работи со скратено работно време во соблекувалната.
Храброто момче останало смирено, и покрај крвавата битка што се одвивала пред неговите очи, и ги довел преплашените луѓе кои бегале од вооружените напаѓачи на излезот за итни случаи, спасувајќи десетици животи.
Тој јасно им ставил до знаење на луѓето каде да одат за да стигнат до безбедно место.
„Најпрво слушнавме чудни звуци на првиот кат. Мислевме дека можеби дошла некоја бучна група“, објаснува Ислам.
Потоа видел дека луѓето почнале да бегаат од страв. Видел човек како пука пред него - и знаел дека мора да трча и да им помага на другите.
„Сфатив дека ако не реагирам, ќе го загубам животот и многу луѓе може да бидат убиени. Искрено, беше многу страшно“, додаде тој.
Тој викал и им сигнализирал на исплашените и испаничени луѓе да го следат.
„Кога бев во толпата луѓе, одејќи до вратата да ја отворам, помислив дека терористите може да излезат од скалите или од ескалаторот и да фрлат граната или да отворат смртоносен оган. Фала му на Бога, ништо не се случи. Успеав да ја отворам вратата на време“, Ислам е благодарен што сите се живи и здрави.
Инаку, Ислам слободното време го поминува работејќи во соблекувалната и играјќи фудбал за кадетскиот тим на Спартак.
Да потсетиме, во петокот на 22 март руската престолнина беше погодена од страшен терористички напад во кој загинаа најмалку 133 лица, а повеќе од 100 беа ранети. Убиени се и три деца.
Одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС), а подоцна објави видео за кое тврди дека е видео од нападот во Москва.
Федералната служба за безбедност на Русија денеска по апсењето соопшти дека четворицата осомничени терористи, по нападот што синоќа го извршија во концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва, имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинска страна.
Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“, каде во тој момент, меѓу другото, се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.
Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.
Фото: Социјални мрежи
Извор: Telegraf.rs