Ова е најчудниот остров на светот (ФОТО/ВИДЕО)

На островот има над 200 автохтони растенија, 33 ендемични видови, 17 видови цицачи, 8 видови водоземци, 198 видови птици и повеќе од 900 видови инсекти. Покрај туристите, овој остров на боговите е омилена дестинација за научниците.

Островот Jej се наоѓа на само 130 километри јужно од Корејскиот полуостров и е најмалата покраина во Јужна Кореја. Тој е најголемиот остров кој се наоѓа на овој полуостров, а познат е по тоа што има заспан вулкан и највисоката планина Халасан.

Оваа планина се издига на 1.950 метри надморска височина, а има и тунели со лава, пештери со подземно езеро… како и 360 мали сателитски вулкански острови што ја опкружуваат.

Инаку, островот Јеј е трикратен победник на УНЕСКО: тој е дел од светското природно наследство, во 2011 година е прогласен за едно од седумте светски природни чуда, а од 1966 година е национален парк.


И за крај, тој е познат како остров на љубовта, главно поради Ловленд - тематски парк посветен на љубовта.

Овој остров е тројно природно чудо и омилена дестинација за биолозите, геолозите и за сите научници.