Ова е најдлабокото место во Македонија: Ни Охридското езеро, ни пештерата Врело

Не само по името туку и по големина, пештерата под Солунска глава е најголемиот пештерски систем во Македонија. Големата пештера е нешто со кое земјава треба да се гордее. Домашни и странски спелеолози досега откриле и мапирале 2,5 километри...

Токму таму се смета дека е најдлабокото место во Македонија, со длабочина од 546 метри. Станува збор за објект во кој првите 250 метри се чиста вертикала, а потоа се шири во голема сала со висина на сводовите од 50 метри. Овој објект е еден од најголемите на Балканот. 

Во оваа пештера постојат извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метри. На Бегово Поле, Јамата Провала, Јасен на висина над 2. 500 м се наоѓа местото наречено Солунска Јама, со отвор нешто повеќе од 30 м, на дното завршува со дебел слој снег, кој очигледно се трупал со години. Оваа јама поради големиот снег била пробиена само 20 м. 

Таа е сложен систем од јами, досега невидена пукнатина во земјата. Истражени се само три јами, а четвртата ќе се истражува. Најдолгата јама има 115 м, потоа следи една од 88 и од 50 м. Вчудовидува со густина и убавина на коралите што 10 до 20 см. стрчат од ѕидот на јамата. Тие претежно имаат млечно-бела и жолтеникава боја. Јамата се наоѓа на надморска височина од 1160 м.