Ова е најдобриот лек против изгорениците од сонце
Пробавме се и дојдовме до најдоброто решение..
Никој не го сака црвенилото и изгорениците после сончањето и ако ви се случи после еден врел ден поминат на сонце да изгорите како рак, тогаш ве очекува вистински пекол преку ноќта. Додека се одмараме на море, сме ги искусиле најлошите изгореници од кои кожата екстемно ни се лупела, но и од кои не сме можеле око да склопиме во текот на вечерта. Затоа одлучивме да ги тестираме сите домашни и купечки препарати за да утврдиме што е најдобро во борбата против изгорениците.
Нема да набројуваме се што сме користеле, туку веднаш ќе преминеме на главното, на најдобрата можна работа, а тоа е КИСЕЛОТО МЛЕКО. Да, добриот стар лек кој отсекогаш бабите ни го препорачуваа се покажа дека е дефинитивно најдобар, кога станува збор за третман на изгорениците од сонцето.
Киселото млеко многу брзо ја смирува кожата, ја ублажува болката и го повлекува црвенилото и топлината. Иако е тешко да се отстрани од кожата и тешко се чисти, со киселото млеко се постигнуваат најдобрите резултати. Купечките препарати исто така не се лоши, но поради високата цена, ние ве советуваме да пробате со кисело млеко и ќе се уверите дека нема да зажалите.
Ако се најдете на место каде што не можете веднаш да ставите кисело млеко на кожата, тогаш ладните мокри облоги одлично ќе ви послужат како прва помош, но што дојдете во хотелската соба, задолжително намачкајте се со кисело млеко и следното утро вашите изгореници ќе бидат многу подобри.