Ова е најлудата причина за развод што сте ја слушнале! По 25 години брак се разведуваат Силвестер Сталоне и Џенифер

Познатиот актер се разведува по 25 години брак поради нов член на семејството...

Силвестер Сталоне пред неколку дена беше во салон за тетоважи каде го покри ликот на неговата сопруга Џенифер Флавин.

Американските медиуми брзо објавија дека бракот на Сталоне е во криза и не погрешиле - актерот и убавицата која роди четири ќерки се разведуваат.

Причината – кучето!

Интернет порталот ТМЗ пренесува дека парот се скарал поради ротвајлер кој актерот сакал да го купи, но неговата сопруга рекла „не“.

За време на расправијата за новото куче, на површина излегоа бројните проблеми на парот, но кучето Двајт, кое на крајот го купил Сталоне, е причина за разводот. Истиот портал наведува и дека Џенифер е таа која поднела барање за развод. 

Што е уште полошо, тетоважата на сопругата ја покри со ликот на својот нов миленик!


Фото: Инстаграм