Ова е најмалата куќа во Британија: Широка е само 1,82 метри
Јан Тајли е сопственик
на најмалата куќа во Британија, која има место во Гинисовата книга на рекорди
100 години, куќа која секоја година привлекува
илјадници посетители
Најмалата куќа во Велика Британија неодамна доби нов тросед. Ова мала куќа во Конви, Северен Велс има две соби една над друга, една на приземје и една на првиот кат. Ова се единствените простории во куќата што немаат ниту тоалет, само мијалник.
Јан Тајли, сопственикот на куќата, ја одржува како туристичка атракција шест месеци во текот на годината, иако оваа година мораше да се отвори малку подоцна од планираното поради ограничувањето на ковид-мерките.
„Куќата е во моето семејство пет генерации“, рече Јан за „Мирор“.
- Мојот прадедо ја купи куќата во 1891. Но, градот девет години подоцна му рече дека е премногу мала за да биде куќа и тие сакаа да ја урнат. Но, за среќа, тој беше добар пријател со уредникот на локалниот весник, кој започна кампања за да открие дали е тоа најмалата куќа во Британија. Излезе дека е најмалата куќа и градот не ја урнал.
Сепак, утврдено е дека куќата е се‘ уште премногу мала за луѓе да живеат во неа, па затоа се користела како туристичка атракција.
Куќата е висока 3,9 метри и широка само 1,82, така што Гунисовата книгата на рекорди ја препознава како најмалата британска куќа, а таква е веќе сто години.
Сопственичката Јан никогаш не размислувала да стави мебел во куќата бидејќи нема доволно простор. Но, кога Снуг ја контактирала за да види дали еден од нивните софи ќе се вклопи во куќата, таа помисллаи дека тоа ќе биде интересен предизвик.
- Сакав да бидам таму кога го поставија троседот, не можев да го пропуштам.
Десетици туристи, исто така, застанаа и гледаа како доставувачите се обидуваат да внесат софа во најмалата британска куќа. Но, тие не се замараа премногу, успеаја да го направат тоа за неколку минути.
Јан беше импресионирана од новиот додаток, но не долго. Таа рече дека куќата годишно ја посетуваат околу 50.000 луѓе на кои и онака им е тешко да се движат во тесен простор, а сега ќе биде уште потешко.
Фото и Видео: Youtube