Ова е најскапата секс сцeна: Еве колку навистина заработуваат порно актерките
Можеби многумина се убедени дека порно актерите заработуваат баснословни фигури, но вистината е сосема поинаква.
Отсекогаш се претпоставуваше дека платата на порно актерите се состои од чудесни фигури. Со оглед на соголувањето, жешката акција и сексот пред камера, не е изненадување што таквата теорија преовладува. Сепак, еден од водечките агенти во порно индустријата, Дерек Хеј од „LA Direct Models', открива дека платите во овој бизнис се прилично ниски.
Дерек во своето друштво има преку 2.000 порно актери, а како што вели, цената зависи од тоа што се спремни да направат. Ако жените се согласат на анални сцени, двојна пенетрација, ќе заработат повеќе, но тоа не важи за мажите. Како што истакнува Дерек, жената во порно филмовите треба да ја има главната улога, додека машката е споредна. Причината за тоа лежи во статистиката дека публиката на порно филмовите е 70% мажи и 30% жени.
Дерек открил дека актерките во просек заработуваат околу 1.000 долари за секс сцена со маж, додека за секс сцена со жена ќе наплатат околу 700 долари. Тие цени варираат за околу 10%, во зависност од тоа дали актерот или актерката е познат, нивната возраст, изглед и агент.
„На жените, од какви било посебни причини - како снимањето на нејзината прва анална сцена, нејзината прва меѓурасна сцена, нејзината прва сцена со тројца, четири или пет мажи и слично, таквите сцени се наплаќаат одделно и дополнително“, изјави Хеј за „Индепендент“, посочувајќи дека обично е помеѓу 2000 и 6000 долари.
Иако јазот во платите меѓу мажите и жените преовладува насекаде, порно индустријата е исклучок. Филмовите најмногу се фокусирани на жените, нивните гениталии, телото и лицето. Освен тоа, уште е општо мислењето дека жените се тие кои најмногу губат ако се вклучат во оваа работа, размислувајќи за угледот. Така, мажите во порно филмовите се „поевтини“ бидејќи заработуваат од 100 до 150 долари по сцена.
Интересно, статистиката покажа дека секоја секунда 300.000 луѓе гледаат порно филмови на Интернет, од кои жените сочинуваат 25% до 33% од гледачите.
Извор: mondo.rs