ОВА Е НАЈСКАПОТО ФЕРАРИ: Произведено во 1962 година, бројката за која е продадено е вртоглава (ФОТО)

Новото најскапо „Ферари“ 250 ГТО произведено во 1962 година, продадено на аукција во „Садеби“ за 51.705.000 долари.

Постигнатата цена ја надмина онаа на Ferrari 250 GTO 2018 во Монтереј, која достигна 48,4 милиони долари, проследено со 35,8 милиони долари за Ферарито на Стирлинг Мос од 1957 година, како и 250 GTO за кој беше набавен, исто така во Монтереј, 38 милиони во 2014 година.

Рекордерскиот автомобил го имаше своето деби на Нирбургринг во мај 1962 година на 1.000 km, каде што заврши на првото место во својата категорија и второ во генералниот пласман.

View this post on Instagram

A post shared by The Wall Street Journal (@wsj)



Неговиот мотор од 3.000 кубика беше заменет со помоќен V12 од 4.000 кубика за 24 часа поради промените на правилата за трки, а ова е единствениот фабрички 250 GTO со таков мотор.

Автомобилот потоа бил продаден на неименуван купувач од Италија, така што во 1967 година ова „ферари“ го „нашло патот“ до САД.

Беше изложен на настани во изминатите децении, додека неколку пати се менуваше, вклучувајќи го и продавачот кој сега доби рекордна сума за него и кој го поседува автомобилот 38 години.


FOTO: Printscreen Youtube