Ова е навистина несекојдневно: Часовник кој прикажува бушотини со нафта
Секој пат кога Jacob & Co воведува нов часовник, сигурни сме дека ќе бидеме сведоци на нешто многу посебно
Најновото парче од оваа марка накит и часовници од Њујорк е омаж на нафтената индустрија - Jacob & Co Oil Pump. Станува збор за рачен часовник со комплицирана автоматизација кој, со помош на анимација, ја отсликува екстракцијата на црно злато од бирачот. Прекрасниот нов часовник се одликува со функционална пумпа за нафта која вклучува два функционални вентили, „резервоар за навта“ и систем за цевки. Со притискање на копче поставено во позиција два часот, минијатурната рекреација на бунарот за нафта го започнува своето движење. Вниманието што се посветува на деталите е едноставно врвно, додека часовникот се нуди во три варијанти - Rose Gold, Titanium Black DLC и White Gold.
Куќиштето е со дијаметар од 49,5 mm, додека куполниот сафир кристал ја покрива автоматизацијата. На периметарот на куќиштето има само едно копче што ја активира автоматизацијата, додека часовникот е намотан и прилагоден со употреба на две завртки лоцирани на задниот дел од куќиштето. На бирачот, на позиција од шест часа, има иконски турбилон од марката со две оски, додека часовите и минути се претставени на антрацитниот прстен на позиција од девет часот, со помош на златни арапски броеви.
Неверојатниот часовник се напојува со рачен калибар JCAM33 кој има 510 компоненти. Механизмот работи на фреквенција од 21 600 vph и нуди шеесет часа резервна моќност. На крајот, сепак можеме да кажеме дека часовникот доаѓа со елегантен црн кожен ремен, додека неговата цена е вистинска ситница - 380.000 долари.