Милан заработува 5.500 евра во Швајцарија: Еве уште колку ми останува на крајот од месецот

Медиуми од соседството деновиве ја пренесуваат приказната за Милан В., Србин кој живее во Швајцарија каде работи како графички дизајнер. Порталите објавија дека Србинот заработува околу 6.000 франци (5.500 евра), но дека има и голема листа на неговите трошоци.

„Платата од 6.000 франци звучи одлично, но тоа е бруто сума. Кога ќе се одбијат даноците, на сметката остануваат околу 4.700 франци. Најголемата ставка оди за стан. Изнајмувањето во Швајцарија е се‘ само евтино не, но сепак повредно од поседување имот, верувале или не, бидејќи даноците на имот се огромни (се разбира, ако не сте мултимилионер, така што можете да си го дозволите тоа)“, објаснува Милан, пренесува Блиц.

Тој вели дека одлучил да изнајми стан во предградието, бидејќи станот во центарот на градот е исклучително скап.

„Киријата за стан со една спална соба изнесува 1.500 франци, што значи дека ми остануваат  3.200. Цената на храната во супермаркетите е повисока отколку во Србија, а да не зборуваме за рестораните. Се обидувам да подготвувам храна дома и да заштедам пари, бидејќи многу брзо ќе банкротирам ако јадам надвор. Трошам околу 600 франци месечно за храна (и често купувам намирници на распродажба или со намалена цена), што значи дека ми останаа 2600. Цената на интернетот и за мобилен телефон варира од пакет до пакет, ме чини 160 евра, по што ми остануваат 2440. Околу 450 франци одат во комунални услуги, по што грубо останувам на околу 2000. Покрај тоа, во Швајцарија, здравствено осигурување е задолжително, има неколку различни пакети, па вие избирате според вашите потреби и финансиски можности. Избрав пакет кој е малку подобар од најосновниот и ме чини 300 франци месечно“, пишува Милан на својот профил.

Од преостанатите 1.700 франци, Милан одделува за уште неколку трошоци.

„Се разбира, и фризерот е ставка која зема фина сума. Фризурата е околу 40 франци, а бидејќи се шишам двапати месечно, тоа задоволство ме чини 80 франци. Покрај тоа, трошам повеќе за излегувања, пијалоци или вечера со пријателите месечно од 200 до 300 франци, така што на крајот на месецот имам околу 1300 франци во џебот. За среќа, најчесто возам велосипед за да немам трошок за автомобил“, вели Милан.

Сепак, и покрај високата цена, Србинот Милан вели дека Швајцарија е одлично место за живеење.


Фото: Freepik