Ова е ШОК: Ги тестираа ајкулите во бразилските води и во нивните тела пронајдоа големи количини кокаин

Концентрациите на кокаин биле 100 пати повисоки од претходно пријавените кај другите морски животни

Ајкулите во бразилските води биле позитивни на кокаин, тврдат научниците, пренесува Би-би-си.

Имено, биолози тестирале 13 бразилски ајкули со остри носови (Rhizoprionodon terraenovae) кои ги фатиле покрај брегот кај Рио де Жанеиро, при што се покажало дека во мускулите и црниот дроб имаат големи количини на кокаин.

Концентрациите на кокаин биле 100 пати повисоки од претходно регистрираните кај другите морски животни.

Истражувањето спроведено од фондацијата Освалдо Круз е првото кое покажа присуство на кокаин во телата на ајкулите, јавува Би-Би-Си.


Експертите веруваат дека кокаинот влегува во морето преку илегални лаборатории за производство на дрога или преку изметот на зависниците од дрога.

Пакети со кокаин кои случајно паднале во морето или биле фрлени од дилери на дрога, исто така, би можеле да бидат причина за ваквото труење на животни, иако според научниците тоа е помалку веројатно.

Сара Новаис, научник која работи во Центарот за екологија и морски живот на Политехничкиот универзитет во Леирија, изјави за списанието Science дека овие наоди се „многу важни и загрижувачки“.


Сите женски ајкули кои биле тестирани биле бремени, но дали изложувањето на кокаин влијаело на фетусот не е познато, според експертите.

Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали кокаинот влијае на однесувањето на ајкулите.

Сепак, претходните истражувања покажаа дека дрогите имаат сличен ефект врз животните како и врз луѓето.

Минатата година, различни хемиски соединенија, вклучувајќи го и бензоилекгонин, кој се произведува во црниот дроб по конзумирање на кокаин, беа пронајдени во примероците од морска вода собрани на јужниот брег на Англија.