Пејачот Пепи Бафтировски и неговите народни песни засекогаш ќе бидат запишани во македонската музичка историја. „Сине мој“, „Ако згрешам нека изгорам“, „Друга љубов не сакам“, “Заветна“, „Ти не плачи мајко“... се само дел од песните кои и денес се пејат насекаде каде што има Македонци.
Пепи со сопругата Ава Керш, ќерката Марина и синот Емил е познато дека се преселија во Сад, каде што тој таму и почина. Ава сега е успешна на неколку полиња, вклучувајќи го и танцот, ќерката е мажена и има 3 дечиња, а синот важи за вистински убавец. Тој е доктор по професија, изгледа многу убаво и доста е успешен.
Фото: Фб