Ова е вистинска фотографија од мост во Хондурас, изграден во 1998 година над реката Чолутека! На сликата овој „мост над ништо“ изгледа како шега, но всушност е многу солидно архитектонско чудо изградено од јапонска компанија.
Истата година кога беше изграден, беше погоден од ураганот Мич, кој беше толку силен што го помести коритото на реката и ја уништи целата патна инфраструктура околу мостот. Интересно е што инфраструктурата не ја изградила јапонска компанија, тие направиле само мост.