Ова е животна авантура како од сон: Слеп сум, но му верувам на мојот пријател!
Пријателите Дарко и Антонио тргнаа на пат долг 13 дена. Ќе поминат вкупно 1100 киломери, а секој ден планираат да возат по 100. Тие би сакале да им се придружите...
„Сакавме да тргнеме со два велосипеди, а моја желба беше мојот велосипед да го поврзам со неговиот, бидејќи сум слеп и не постои друг начин да возам велосипед" - кажа Дарио Бежиќ (38) од Јосиповица.
Заедно со неговиот пријател Антонио Чиш (24) на крајот добија велосипед за двајца и иако никогаш не биле сериозни велосипедисти, тие се одлучиле да тргнат на пат долг 1100 километри, од Јосиповица до Меѓугора.
До целта планираа да пристигнат за 13 дена, а нивната авантура започна вчера. Дополнителна цел им е да ги подместат границите на сопствената издржливост.
„Не бараме ништо, никакви финансиски средства, само сакаме да сме во мислите на сите и да ни се придружи секој кој со добра волја би прифатил ваква авантура" - кажа Дарио, кој е слеп од раѓање.
Со Антонио се познаваат неполни две години, но уште на почетокот вистински се спријателиле. "Се уверив дека можам да му помогнам во некои работи и едноставно се пронајдовме. Верувам дека нешто не споило" - вели Антонио и додава дека дури ниту разликата во годините, не претставувала никаква препрека за нивното големо пријателство.
За време на минатогодишниот „Младифест", Дарио и Антонио биле на вечера со пријателите кои им раскажувале како отишле со своите велосипеди до Меѓугора. Нивните авантури и приказни од патот го поттикнале Дарио на едно доста интересно размислување. Силно посакувал да направи нешто слично, иако бил свесен дека неговиот целосно изгубен вид го спречува во тоа и дека сам не може да стигне до Меѓугора.
На оваа тема разговарал со Антонио, кој бил уверен дека заедно можат да ја реализираат оваа идеја. На почетокот дури се размислувале да тргнат пеш, но кога од „Lions" клубот од Долен Михољац добиле велосипед за двајца, повеќе не се двоумеле за тоа како да тргнат.
Патот од 1100 километри го поделиле на 13 дена, а секој ден во просек би поминале околу 100 километри. На сликата може да ја погледнете агендата за нивната авантура.
Секој ден ќе тргнуваат рано и ќе прават по неколку паузи во текот на денот.
„И да закаснеме некој ден, не е страшно. Важно е да стигнеме до целта " - изјави Дарио. На пат тргнаа без спонзори, а носат само основни работи: вода, храна и облека.
извор: 24sata