Ова го можат само во Кина: Земја на чудата направена од мраз
Сместен во провинцијата Хелонгџианг во северна Кина, 36-от годишен фестивал Харбин од снег и мраз, ги отвори своите врати и ги фасцинираше своите први посетители…
Овој фестивал, кој се одржува секоја година, се отвора на 5 јануари во снежен парк со големина од околу 60 акри. Фестивалот, кој е украсен со масивни скулптури од снег и мраз, привлекува повеќе од милион посетители секоја година и го организира градот Харбин.
Околу 10,000 работници поминаа 15 дена во градењето на ова замрзнато кралство, кое главно се наоѓа во паркот, на островот Сан и на еден дел од брегот на реката Сонгхуа. Скоро 120.000 кубни метри мраз блокови беа извлечени од замрзнатата површина на реката Сонгуа. Исто така, се создадени околу 22.000 кубни метри вештачки снег за создавање на ова ледено село
Централната декорација на Зимското чудо, наречена „круна од мраз и снег“, е највисоката кула, со висина од 40 метри.Прв пат одржан во 1985 година, овој фестивал е инспириран од традиционалните фенери на Хаилонгјанг, кои се врежани во мраз и запалени со свеќи. Со текот на годините, фестивалот стана една од најголемите кинески атракции во Кина.
Активностите и настаните што ги нуди фестивалот можат да се поделат во неколку категории, вклучувајќи туризам на снег и мраз, модна култура, саем на снег и мраз и спорт.
Овој тематски парк се состои од дваесет и една група на полутранспарентни скулптури, кои се рачно врежани од мраз блокови. Организаторите дизајнираа повеќе од 20 игри за возрасни и деца, вклучувајќи шест гигантски слајдови на мраз и петнаесет трки.Покрај тоа, сите скулптури се
осветлени со неонски светла, а може да се влезе во многу од нив.