Ова плажа е прогласена за најубава на светот: Долгиот песочен брег и тиркизното море маѓепсуваат (ФОТО)

Официјално од вчера започна летото, кое многумина со нетрпение го очекуваа. Почнуваат високите температури, време е за одмор и веселба во морето.

Па, решивме да се потсетиме која плажа е прогласена за најубава на светот во 2023 година.

Порталот „50 најдобри плажи во светот“ секоја година објавува ажурирана листа на најубави плажи. Листата е направена земајќи ги предвид природните убавини, просторот, популарноста, активностите на плажа, чистотата и смиреноста на морето, а оваа година гласале повеќе од 750 најпрепознатливи и највлијателни светски патописци, новинари и експерти.

View this post on Instagram

A post shared by So Perth (@so.perth)


На прво место е плажата Лаки Беј во Австралија, која има неверојатно тиркизно море. Заливот Лаки го зазеде првото место благодарение на чистиот песок, тиркизната вода и популацијата на кенгури.


„Пријателските кенгури не се единственото нешто што ја прави оваа плажа најдобра во светот. Заливот Лаки има беспрекорен снежно бел песок и неверојатно тиркизно море. Се протега на повеќе од пет километри, така што гарантирано ќе најдете место помалку преполно да уживате во сите природни убавини“, објаснува порталот.

View this post on Instagram

A post shared by Dollar Flight Club  (@dollarflightclub)



Фото: unsplash/Инстаграм