Ова се емотивно најнедостапните знаци, со нив никогаш нема да знаете на што сте!
Тие искусиле емотивна траума и никогаш повеќе не сакаат да им се повтори истото..
Овие хороскопски знаци се мајстори за давање измешани
сигнали и умеат да го избегнат одговорот на вистински значајните прашања. Во еден
момент ќе ви се чини дека потполно сте ги разбрале, а веќе во следниот ќе се
чувствувате како воопшто да не ги познавате. Често го избегнуваат разговорот во
живо и попрво би ја избрале опцијата допишување или разговор преку телефон.
1. Водолија
Водолиите се секогаш со јасни и прифатени емоции. Тие се рационални, аналитични и можат да бидат резервирани и независни.
Кај нив не треба да барате рамо за плачење. Ако се емотивно недостапни, нема да сакаат да дознаат многу за вас. Нема да ви поставуваат прашања и нема да бидат воопшто заинтересирани за вашите одговори. Ако почувствуваат дека им се приближувате и во исто време чувствуваат опасност дека премногу ви откриле за себе, можно е да исчезнат од вашиот живот.
2. Девица
Девиците имаат чувства, но можно е да им биде многу тешко да и веруваат доволно на другата личност за да се осигурат дека не ја делат со други. Бидејќи постојано се обидуваат да се заштитат, често делуваат студено, роботски и резервирано.
Градат ѕидови околу себе и ги тестираат луѓето за да проверат дали ќе ги прескокнат. Тоа е процес во кој не усоева секој и нивната недоверба може да им влијае доста во пропуштањето на нешто вистински добро.
3. Стрелец
Стрелците ги намаат потребните средства за да се носат со нечии емотивни потреби, а понекогаш немаат ниту капацитет за своите емотивни проблеми.
Слободата и независноста се нивните приоритети и интензивните емоции можат да им предизвикаат само тешкотии. Овој знак може да биде нечувствутелен за туѓите чувства и за тоа како тие влијаат врз животот на другите луѓе.
4. Близнаци
Близнаците се плашат од одбивање. Се плашат да се врзат за некого емотивно, бидејќи секогаш постои опасност таа личност да ги напушти заради некој друг. Често смислуваат причини зошто да не бидат со некого, па велат дека не се добри во врските.
Одлични се за комуникација, но кога се емотивно недостапни, комуникацијата ја трансформираат во неформална.
5. Овен
Овните не сакаат да бидат емоционално недостапни, но можат да се заборават во работите кои ги прават, нивните импулсивни акции и нивните планови за големи авантури, па потполно ќе заборават дека треба некому да се посветат. Обично забораваат дека имаат партнер, кога прават планови за патувања.
Овните не се нељубезни, но можат да бидат самосвесни и да ги блокираат другите. Меѓутоа, ако овнот преживеал болно раскинување, тогаш тој ќе заземе став на рамнодушност, но вистаната е дека се емотивни и сентиментални како и сите други.