Ова се моментите по кои ќе го паметиме овогодинешното финале на Евровизија: Ексцентрични настапи, емотивни пораки и стари музички ѕвезди

Синоќа се одржа 67-иот избор за песна на Евровизија и по неизвесен и возбудлив крај победи Шведска.

Шведска ја претставуваше Лорин, која со песната „Tatto“ по втор пат успеа да го освои трофејот и да ја донесе Евровизија во својата земја.


Лорин беше прва на листата по гласањето на жирито, а откако овие гласови беа додадени заедно со гласовите на публиката, таа ја потврди својата позиција на првото место.

Шведската музичка ѕвезда веќе еднаш успеа да победи на Евровизија претставувајќи ја својата земја, кога триумфираше со песната „Еуфорија“ во 2012 година.

Шведска по седми пат ја освои европската и светската публика, а следната Евровизија во оваа земја ќе се одржи точно 50 години откако АББА победија со песната „Waterloo“.

И овогодинешниот избор за песна на Евровизија го одбележаа музичката разновидност, добрите песни, специфичните сценски изведби и интересните костими, заедно со визуелните ефекти на сцената, за кои се погрижи домаќинот Велика Британија.

Самиот крај на Евровизија беше неизвесен, кога во потесниот избор влегоа Финска и Шведска.

Финска го освои второто место со песната „Cha Cha Cha“, во изведба на Käärijä. Неговиот настап ќе остане запаметен, а ексцентричниот уметник ја освои публиката со својот смел настап, па неговите песни ги испеа цела арена на Ливерпул.


Зелениот костим и „лудата“ енергија се заштитен знак на контроверзниот пејач.

Српскиот репрезентативец Лук Блек освои 30 поени и се најде на 24. место. Лук Блек ја претставуваше Србија со песната „Само ми се спава“, а иако по бројот на гласови не се најде на врвот на листата, неговиот настап привлече огромно внимание, а публиката го поддржа со крици и овации кога тој излезе на сцената. Неговата изведба успеа да ја воодушеви познатата писателка Џ. К. Ролинс.


Контроверзната авторка на „Хари Потер“ одговори на објавата на Твитер, каде Лук Блек го споредуваат со лик од нејзините дела „Ink Black heart“, готска креација која се занимава со вампири.

Овогодинешната Евровизија ја отвори емотивниот настап на Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која на пијано отсвири песна посветена на Украина. Потоа следеше настапот на минатогодишниот победник „Калуш оркестар“, кој ја претставуваше Украина со песната „Стефанија“.

Финалето на Евровизија се одржа во Ливерпул, Велика Британија, кој ја презеде организацијата наместо Украина, минатогодишниот победник, кој поради војната не можеше да биде домаќин на најголемото музичко натпреварување.

Во финалето за трофејот се бореа 26 земји, 10 избрани од двете полуфиналиња, минатогодишниот победник Украина и пет земји кои секогаш имаат директен премин - Велика Британија, Италија, Германија, Шпанија и Франција.

Победникот беше избран од стручно жири и публика, како од земјите учеснички, така и од остатокот од светот.


Фото и Видео: Youtube