Ова се првите десет финалисти на Евровизија: Најголеми овации за Украина

Швајцарија, Литванија, Ерменија, Исланд, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија се првите десет финалисти на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино.

Претставниците на тие десет земји добија најмногу гласови од публиката во вечерашното прво полуфинале.

Финалистите беа читани по случаен редослед, па не се знае кој изведувач добил најмногу гласови, но најголем аплауз во арената во Торино очекувано доби оркестарот Калуш од Украина.

Според обложувалниците, тие се убедливи фаворити за победа на овогодинешното натпреварување.


Втората полуфинална вечер е закажана за четврток, кога за пласман во финалето ќе се бори и нашата претсавничка Андреа.

Покрај Македонија, во четврток ќе настапат Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Србија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

Според прописите на натпреварот, Германија, Шпанија, Велика Британија, Франција и домаќинот Италија, членовите на таканаречената „Големата петорка“ на Евровизија, автоматски се пласираат во финалето во сабота.


Фото и Видео: Youtube