Ова се случува кога дете ќе го украде автомобилот на родителите: Целосна катастрофа

Секогаш кога малолетник ќе го украде автомобилот на нивните родители и ќе замине, продолжението на приказната ретко завршува добро...

Целосна катастрофа се случи кога тринаесетгодишно девојче од Колорадо го украде автомобилот на нејзините родители и предизвика судир со четворица учесници, од кои едниот училишен автобус. Според локални извори, неименуваното девојче во средата наутро излегло од дома со автомобилот на нејзините родители и решило да тргне да се вози по автопатот.

Во обид да се приклучи на автопатот, таа удрила во задниот дел на Kia Optima на црвено светло, туркајќи ги двата автомобили напред во раскрсницата. Резултатот од овој судир резултираше со тоа што двата модели удриле во училишниот автобус, при што еден од џиповите удри друг џип...

Сите четири возила претрпеа сериозни оштетувања, при што Suburban го загуби предниот браник, Optima замина со стуткани предни и задни краеви, додека Forester заврши со целосно смачкан заден дел и му недостасуваше задно тркало. Автобусот поминал така што на предниот дел од силината на ударот бил разнесен нанапред капакот на моторот.


За среќа, и покрај големата штета на сите возила, ниту еден од учесниците во оваа несреќа не е тешко повреден. Сите тројца возачи на автомобили се здобиле само со гребнатинки и полесни повреди, додека дуото што ги возеше моделите Оптима и Форестер за секој случај е пренесено во болница. Девојката во меѓувреме избегнала секакви повреди и добила кривична пријава за несовесно возење без дозвола.