„Ова станува пандемија на невакцинирани“: Апсолутна доминација на делта сојот, во САД зголемен бројот на починати меѓу неимунизираните
Делта варијантата на коронавирусот сега е доминантен вид
ширум светот, проследен со зголемен
број на смртни случаи низ САД меѓу невакцинирани лица, соопштија денеска
американските власти.
Бројот на нови инфекции во САД се зголеми за 70 проценти во споредба со претходната недела, а бројот на смртни случаи се зголеми за 26 проценти, со епидемии во делови од земјата со ниски стапки на вакцинација, рече директорот на американските центри за Контрола (ЦДЦ) и превенција на болеста Рошел Валенски на прес-конференција, објави Ројтерс.
Седумдневниот просечен број на дневни случаи сега е повеќе од 26.000, што е повеќе од двојно од јуни, од околу 11.000 случаи, соопшти ЦДЦ.
„Ова станува пандемија на невакцинираните“, рече таа, додавајќи дека 97 проценти од луѓето кои одат во болници во Соединетите држави со „ковид-19“ се невакцинирани.
Делта варијантата, која е значително позаразна од оригиналната варијанта ковид-19, е откриена во околу 100 земји низ светот и сега е доминантна варијанта во светот, изјави американскиот експерт за заразни болести, Ентони Фаучи.
- Имаме работа со застрашувачка варијанта на ковид-19 - истакна Фаучи.
Фото: SHUTTERSTOCK