Ова веќе никој никогаш нема да го направи: Погледнете го најдобриот гол на Пеле кој го достигна во својата кариера (ВИДЕО)

При постигнувањето гол, „кралот на фудбалот“ нареди пет противнички играчи и на крајот го надмудри противничкиот голман.

Откако со Бразил ја освои титулата Светски шампион, една година подоцна Пеле го направи најдобриот потег во историјата на фудбалот.

Тоа беше првенствен натпревар помеѓу Атлетико Јувентус и Сантос, одигран во 1959 година. Во 81. минута при резултат 0:3, Дорвал се проби по десното крило, го одвлече до височината на шеснаесетникот и испрати центаршут. Точка на фокус – Пеле.

Првото „сомбреро“! Пеле не дозволува топката да падне. Хомер оди по него, а потоа Кловис. Второ и трето „сомбреро“! Напред е само голманот Мао де Онча, Пеле сака убавината да трае... Рано е за егзекуција. Се потпира со коленото, топката се уште е во воздух, но под негова апсолутна контрола... И оди четвртото ’сомбреро’! Де Онша лета во празно, паѓајќи во дождовницата пред него. Тој пристигна точно на време за да се сврти и да го види Пеле како со глава ја удира топката во празната мрежа.

Де Онша го прекинува. Прв почна да аплаудира. Нему му се придружуваат и другите соиграчи, публиката. Околу 10.000 среќници. Пеле слави. Скок во височина, раширени нозе и тупаница над главата што ја сече воздухот. Слика која останува за сите времиња. Секој нареден гол ќе се слави на ист начин...


Бидејќи и половина век откако се случи тој гол се зборуваше и пишуваше за најубав во кариерата на Пеле, Бразилците решија да направат компјутерска анимација. Со помош на живи сведоци од трибините и самите играчи, програмерите ги собраа сите потребни информации и се фатија за работа.

„Годините несомнено ги разубавија спомените, но суштината останува иста – ова е најубавиот гол на Пеле – напишаа бразилските медиуми кога се појави клипот.


Фото и Видео: Youtube