Оваa земја од регионот е центар на милионери од светот: Се доследуваат поради ОВА причина

Црна Гора е најбрзо растечки центар за милионери во светот, додека Швајцарија, Соединетите Американски Држави (САД) и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) продолжуваат да привлекуваат дел од богатите.

Според податоците на швајцарската компанија Henley & Partners, бројот на милионери кои дошле да живеат во Црна Гора се зголемил за дури 124 проценти минатата година, пренесува Klix.ba.

Во моментов, во Црна Гора живеат 2,8 илјади милионери – значително помалку отколку во некои други земји – но таа и понатаму привлекува богати луѓе благодарение на програмата за инвестиции во замена за државјанство или „златен пасош“.

Според зборовите на Доминик Волек од Henley & Partners, Црна Гора станува атрактивна и поради близината до Западна Европа и фискалната флексибилност.

„Ниските даноци на Црна Гора, со рамен данок на доход и без данок на наследство или подароци, ја направија особено привлечна за чување на богатство. Во комбинација со јадранското крајбрежје, понудата на луксузни недвижности и атрактивниот медитерански начин на живот, земјата стана избор за инвеститорите,“ изјави Волек.

Покрај споменатите, бројот на богати луѓе кои емигрирале минатата година се зголемил и на Малта, во Полска, Кина, Костарика, Индија и Летонија. Од друга страна, најголем број милионери се иселиле од Обединетото Кралство, Кина, Индија, Јужна Кореја, Русија, Бразил, Франција, Шпанија и Германија, пишува бизнис-магазинот Fortune.

Извор: Мондо