Оваа билка е лек против старост: Хитлер по неа испрати Тајна Служба во Русија за да му ја донесат

Лек против старост, цвет на бесмртноста, билка на животот - ова мистериозно растение имаше многу имиња и за него има со многу легенди


Во него, гледале спас скитските императори и советските водачи од старост, а Хитлер испратил тајна служба во Русија за да му ја донесе. Ова е приказна за астрагалус - природен лек кој го продолжува животот и лечи многу болести.



Еликсир за Фирерот

Кога германската армија се приближила до Крим во 1941 година, специјална група научници се приклучила на фашистичките воени единици. По наредба на Хитлер, групата работела на тајниот проект „Трева на бесмртноста“. Нацистичките биолози барале мистериозно растение на Крим за да направат еликсир на долговечност за Фирерот.
Магичното растение било наречено астрагалус. Хитлер дознал за неа од неговиот приватен лекар и хербалист Герхард Мадаус. Д-р Мадаус открил информации за „цветот на животот“, кој растел само во степи. Античките народи го сметале за лек против староста и му припишувале магични својства.

Се испостави дека тоа е астрагалус, или „кралско растение“, како што го нарекле самите Скити. Во нивните племиња, оваа билка ја користеле исклучиво водачите: за нив, лекарите правеле од астрагалус и млеко од кобили пијалокот според таен рецепт. На плебијците не им било дозволено да го допрат кралското растение под закана од смрт. Астрагалус бил табу и за жените, дури и за племиња - затоа што, според Скитите, тие не знаат како да чуваат тајни.



Лек за Сталин

Тајната за астрагалусот не ја чувале ниту Германците. Руските партизани дознале за нивното истражување на Крим и ги доставиле овие информации на Сталин. Но, советскиот лидер во тоа време имал многу поголеми грижи, па затоа не обрнувал внимание на овој извештај.

Во меѓувреме, нацистичките научници успеале да најдат ретката билка и да ја одведат во Германија. Сепак, Хитлер чекал залудно за еликсирот на долговечноста: Д-р Мадаус наскоро починал без да ги заврши своите истражувања.

По пресвртот во војната, Фирерот целосно ги запоставил своите амбициозни научни проекти - додека Сталин, од друга страна, се сеќавал на извештајот за „тревата на бесмртноста“. Советскиот лидер им наредил на најдобрите биолози и лекари да ги испитаат лековитите својства на астрагалусот и да направат лек против стареење.


Експериментите биле вршени најпрво врз животни, а потоа и на пациенти од московската болница, кои немале идеја каков лек земаат. Лекарите го давале подготвениот лек на пациенти со атеросклероза (затоа што Сталин ја имал истата дијагноза) и кај луѓе кои доживеале мозочен удар. Подобрување на здравтвената состојба е забележано кај 93 проценти од пациентите. Кога Сталин дознал за одличните резултати од експериментот, и тој го побарал лекот. Но, наскоро престанал да се лекува, бидејќи бил многу параноичен и секогаш се сомневал дека го трујат неговите соработници од Политбирото.

Којзнае колку години би живеел Сталин ако не се откажал од лекувањето. Сепак, неговите наследници на партијата посветиле сериозно внимание на астрагалусот. Тој станал толку популарен во советското раководство што го нарекле „трева на водачите на Крим “. Повеќето членови на Политбирото живееле до зрела старост - и сосема е можно тие да го користеле скитското растение за долговечност.

Извор: novosti.rs

Фото: Depositphotos


Билката Трибулус: Машка тревка за потенцијата, зголемено либидо и самодоверба