Оваа „бомба“ е девојката на Јаник Синер: Италијанецот ја крие манекенката од јавноста, а таа доминира на Инстаграм

Марија Браќини има речиси 200.000 следбеници на Инстаграм

Новак Ѓоковиќ сабајлево беше порезен во полуфиналето на Австралија опен од Јаник Синер.

Некој кој сигурно го гледаше натпреварот е девојката на Јаник Синер, Марија Браќини, со која тој е во врска повеќе од три години.

View this post on Instagram

A post shared by Jannik Sinner (@janniksin)


И Јаник и Марија се посветени на кариерата, а приватниот живот го држат подалеку од љубопитните медиуми и јавноста, па на профилите на социјалните мрежи немаат ниту една заедничка слика.

- Дали имам девојка или не, никој нема да знае на социјалните мрежи, бидејќи сакам да го задржам приватниот живот за себе. Нема потреба да објавувам фотографија за да покажам дали сум свршен. Никогаш не објавив ни фотографија со моите родители, можеби со брат ми - изјави еднаш Синер.

Очигледно слично размислува и убавата Италијанка со која е во врска, бидејќи Синер никаде го нема на повеќе од 60-те фотографии кои ги објавила.

Која е Марија Браќини, девојката на Јаник Синер?

Марија е модел и инфлуенсер на социјалните мрежи. Нивната врска започна во 2020 година, но раскинаа во 2021 година. Сепак, набрзо ја обновија љубовта која трае до ден денес.

Очигледно сака многу да патува, па често објавува фотографии од различни градови и дестинации ширум светот.

Многумина се направени во Италија, но има и во Шпанија, Франција, Германија, Англија, Турција...

Таа рекламира многу брендови и производи, а често има фотографии од тенискиот терен, а очигледно тоа е нешто што ги поврзува неа и Синер. Тој често може да биде спаринг партнер за неговата сакана. Исто така, има и фотографии од Вимблдон, каде што позира пред теренот во „Ол Ингланд клуб“.

Заедничко им е и љубовта кон скијањето, бидејќи има многу фотографии од Алпите, каде на едната е со некој друг кој ѝ прави друштво на скии, но идентитетот на таа личност не се гледа. Многумина веруваат дека тоа е Синер.

Инаку, Синер беше одличен скијач пред да се реши професионално да се занимава со тенис, но на крајот го избра „белиот спорт“. Нешто слично се случи и со Новак Ѓоковиќ, кој исто така наместо скијање се одлучи за тенис, кој до ден денес остана негова голема љубов.

Иако Синер и Марија се трудеа да не бидат видени во јавноста и да го сокријат својот љубовен живот од другите, тие во една прилика беа снимени на натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Милан и Дортмунд.

Синер дојде на Сан Сиро да го бодри својот сакан клуб, а друштво му правеше италијанска манекенка, па за многумина тоа беше потврда дека љубовта меѓу нив е посилна од било кога.

Марија не ја видовме на трибините на Австралија опен во ложата на Јаник Синер, па или не е со него во Мелбурн, или е, но не ги следи натпреварите во живо.

За време на Австралија опен, таа не се огласи и не објави ништо на социјалните мрежи.

Извор:Telegraf.rs