Оваа фотографија на британската кралица Елизабета II ги разбранува социјалните мрежи: Еве зошто

Две недели по смртта на војводата од Единбург, тимот на кралицата Елизабета Втора задолжен за социјалните мрежи го врати нејзиниот лик на профилните фотографии од официјалните профили.

Британската кралица се соочува со голем број промени. Не само што жали за загубата на нејзиниот сопруг, принцот Филип, со кого беше во брак повеќе од седум децении, туку само што наполни 95 години, пишува Yahoo.

Во последниве денови, вниманието беше толку многу насочено кон сите активности на Елизабета Втора, што дури и мала промена предизвика реакции кај нејзините обожаватели.

Две недели по смртта на војводата од Единбург, тимот на британската кралица задолжен за социјалните мрежи го врати нејзиниот лик на профилните фотографии.


Заедно со другите членови на кралското семејство, кралицата Елизабета одлучи дека, во чест на покојниот принц Филип, сите профилни фотографии ќе бидат заменети со црно-бела верзија на грбовите.

Сега, сепак, фотографијата што беше таму до пред две недели не е вратена, но избрана е сликата што е направена во февруари 2020 година, кога кралицата го посети седиштето на Службата за безбедност МИ-5. 

Истата фотографија е објавена по повод 95-от роденден на кралицата, која овој пат помина без прослава.