Оваа гастербајтерска вила е најскапата на Балканот: Пука од злато и мермер - луксуз и кич насекаде

Многу гастарбајтери од Балканот заминуваат во странство за подобар живот, па Неготин во Србија е познат по луксузните куќи кои ги изградиле.

Меѓу многуте луксузни вили лоцирани во Неготин, на самиот исток на Србија, се издвојува еден имот. Станува збор за луксузната вила, која Урош Божиќ им ја покажа на своите следбеници на социјалната мрежа ТикТок.

„Добредојдовте во Неготскиот регион и во златната ромска вила, чија вредност надминува стотици илјади евра“, вели Урош во видеото кое брзо стана вирално. 

Во дворот се подготвуваше веселба, па беа поставени маси со чадори и бели цветови. Во центарот на дворот се гледа бела фонтана. 

„Кога велам златна вила, мислам на бројни златни детали присутни во куќата. Ромите се познати по љубовта кон златото и големите инвестиции во своите домови“, вели Урош.

@bozic.uros Kako vam se dopada ova kuća?  #fyp #foryoupage #tiktok #balkan #bozicuros #svadbaodmilionevra #urosbozic #happytv #svadba #viral #zlato #romi #negotin original sound - bozicuros

Во ентериерот има мермерни подови и столбови, бела, жолта и црна боја, кои се совршено комбинирани, а се‘ е уредено според најновите трендови, пишува Net.hr. 

„Погледнете ја кујната која е опремена според најновите трендови“, додаде Урош и покажа како изгледа луксузна кујна со голем остров. 

Во златно издание е и бањата, со мермерни плочки, златна тоалетна школка и мијалник. Лустерите, завесите и мебелот се брендирани и во склад со најновите трендови, а златните лустери одлично се вклопуваат во оваа луксузна декорација.


Фото и Видео: ТикТок