ОВАА КАТЕГОРИЈА НЕВРАБОТЕНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОМОШ: Државата нуди поддршка за да почнете сопствен бизнис! Еве што треба да направите

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши и директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули вчера официјално го објавија отворањето на јавниот повик за мерките 1.1 и 1.2 од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработување на невработените лица регистрирани во Агенцијата за вработување.

Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.

Двете мерки вклучуваат и обука за претприемништво, подготовка на бизнис план, како и шестмесечно менторство за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.

-Овие мерки не се само финансиска помош, туку се директна инвестиција во потенцијалот на граѓаните и во развојот на локалната економија, истакна министерот  на прес-конференција во Владата.

Целиот текст на ФАКТОР