Оваа куќичка од кучето е продадена за 65 илјади евра: Неверојатно, но има причина...
Вечерта на 23 април 2019 година, метеорит удри во куќа за кучиња во рурална област на Костарика. Во тоа време, жителот на куќичката за кучиња, германски овчар по име Роки, длабоко спиел внатре кога фрагмент од вселенска карпа прелетал низ зарѓаниот лимен покрив. Метеоритот од 283 грама за малку го промашил Роки, оставајќи дупка од речиси 18 сантиметри и уништувајќи го истрошениот дрвен под на кабината.
Професионалните ловци на метеорити пристигнаа речиси веднаш, откако ги погледнаа сателитските снимки на огнената топка и ја следеа до нејзината веројатна област за слетување.
Куќата и метеоритот беа продадени за 65 илјади евра во аукциската куќа Кристи и беа купени од уметничка галерија со седиште во Лондон на онлајн аукција во 2022 година. Наддавањето за двете ставки започна од 100 долари. Куќата за кучиња на крајот се продаде за 44.100 долари, а метеоритот за 21.420 долари.
Метеоритите како оној што ја погоди куќата за кучиња се исклучително ретки. Повеќето согоруваат во атмосферата пред да слетаат на Земјата. Оние кои ја погодија нашата планета најчесто паѓаат во океанот или на непристапни места. Метеоритот кој падна во кабината на Роки, наречен Агуас Заркас по областа на Костарика каде што падна, не беше обична карпа. Познат е како јаглероден хондрит или CM2. CM2 се некои од најстарите објекти што лебдат во нашиот Сончев систем, кои датираат од пред 4,7 милијарди години - постари од целиот наш Сончев систем.
Метеоритот CM2 во својот состав ги има сите елементи кои се наоѓаат на Сонцето, а има и амино киселини, од кои се формираат протеините, а од протеините живот. Овој метеорит и други слични на него би можеле да бидат причина за постоење на живот на Земјата. Метеоритот Aguas Zarkas кој ја погоди куќата на Роки е вториот по големина CM2 некогаш пронајден.