Оваа недела: Неповолен ХОРОСКОП на нервоза и стрес

Поради се зачестеното влијание на Месечината овој период во хороскопските знаци, се менува и правецот на нашето движење и дејствување. Нема да се случат кој знае какви промени, но нивото на нервоза ќе биде зголемено.

ОВЕН

Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и физичките способности. Колку ќе успеете да ги искористите – дискутабилно е. Многу да внимавате во проценките на ситуациите и луѓето бидејќи се можни измами од страна. Престанете да се нервирате. Ви удира на здравјето.

БИК

Ќе располагате со малку енргија, но сепак ќе бидете мирни и ќе имате добар однос со претпоставените. Неделата е поволена за деловни контакти и деловни зделки, но не и за голема заработувачка. Финансиската состојба не ви е најдобра. Прекинете да се однесувате како ништо да не ве нитересира. Не сте секогаш во право.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува работно успешена недела. Ги шармирате соработниците и конкуренцијата така да ќе можете да си ги остварите сите желби. Можете да постигнете повеќе од очекуваното. Обидете се тактично да му пријдете на актуелниот проблем и за него да најдете најдобро решение. Многу се нервирате. Намалете го стресот. Никој не сака стресни личности.

РАК

Можностите за деловен успех и професионален напредок неделава ви се исклучително поволни, само треба да најдете најдобар начин да ги искористите. Ако сте амбициозни и имате силна волја и јака дисциплина успехот ви е загарантиран. Со партнерот и пријателите добро ќе се разбирате. Внимателно со храната. Скони сте на алергии.

ЛАВ

Не можете да очекувате толеранција од другата страна ако не можете да возвратите. Мислевте дека ги пребродивте најважните проблеми, а веќе се јавуваат нови во вид на расправии со партнерот и незадоволство во љубовниот живот. Тргнете се настрана од кавгите. Бидете малку порационални. Не бидете егоисти. Споделете проблеми... Можеби некој ќе ве сослуша, а вам ви е потребно тоа.

ДЕВИЦА

Силниот прилив на енергија и желбата да успеете ќе ви помогнат да ги совладате сите тешкотии и да постигнете успех во работата. Бидејќи наскоро ќе ги истрошите сите мотиви, можни се недоразбирања со партнерот во желбите од него да добиете подршка. Нервоза и нервоза повторно и повторно ве следи. Дали ќе постигнете нешто со тоа?

ВАГА

Планирате нешто што на повеќето околу вас не им се допаѓа, можно е некој бурно да реагира на тоа. Ве очекува период во кој се почесто ќе имате кавги со вашата најблиска околина. На работното место постои можност да бидете предупредени поради неизвршувањето и неточноста на задачите. Љубовта ја занемарувате исто како и здравјето. Кога сте биле на редовен преглед?

ШКОРПИЈА

Оваа недела ќе ви донесе нова енергија и надеж за работа и штедење на финансиски средства. Пријателите ќе ве поканат на масата за искрени разговори, кажете им што мислите, тие знаат да ги ценат вашите одлуки. Внимавајте на здравјето, премногу конзумирате нездрави намирници. Освен тоа, изразената невоза не можете никако да ја скриете. Дали решавате нешто ако се нервирате?

СТРЕЛЕЦ

Сте се вклопиле во средината што значи дека сте успеале да најдете сопствен мир. Многу припадници на овој знак ги очекува некакво патување во странство, а некои пак размислуваат за стручно усовршување. Во целост уживате во сите животни сфери, почнувајќи од материјалните, па до духовните. Но внимателно со здравјето. Настинските можно е да не ве одминат како и стресот.

ЈАРЕЦ

Вашиот партнер го идеализирате така што ќе дојде момент кога тотално ќе бидете разочарани, па затоа внимавајте. Бидејќи неделава е одличена за уметност, а неповолена за материјални вложувања и практични работи добро би било да одите на кино, театар – одлично ќе се чуствувате. Сепак, прекумерната нервоза ве мачи. Време е да излезете од тој пеколен круг.

ВОДОЛИЈА

Ве очекуваат убави моменти. Ќе уживате во новите настани кои ќе ви овозможат да се покажете во најдобро светло и да ги пробате новите предизвици. Во љубовта точно ќе знаете што сакате, па затоа ќе бидете многу упорни и неодоливи. Здравствено сте силни, но трпите многу различни влијанија кои ви предизвикуваат стрес.

РИБИ

Морате да се приспособите на околината ако сакате да избегнете проблеми. Покрај вас секогаш е партнерот, осаменоста тешко ја поднесувате. Нагласени ви се уметничките способности, очекувајте успех. Доминантни сте во односот со околината и имате вишок енергија. Посебно внимание треба да обратите на здравјето. Најмногу на психичкото. Многу насобрана нервоза и стрес. Време е да се ослободите и да дишете слободно.