Оваа жена вели дека 16 години ниту јадела, ниту пиела: Лекарите тврдат дека е вистина, но ќе се шокирате кога ќе го видите ова
Девојка од Етиопија тврди дека ништо не јадела и пиела 16 години, а лекарите тврдат дека е здрава како дрен
Доколку ве интересираше приказната за човекот кој никогаш не спие од Виетнам, време е да слушнете нешто уште полудо. Станува збор за приказна за жена од Етиопија која 16 години ниту јадела ниту пиела ништо.
Таа не изела ниту еден залак, ниту испила ниту една голтка вода.
Бидејќи не јаде и не пие, воопшто не ѝ треба ниту пак користи тоалет.
Кога ја нашол во Етиопија и дошол во нејзиниот стан, Јутјуберот Дру Бински бил изненаден од верските постери на ѕидовите на нејзината дневна соба на кои е прикажана Дева Марија со Исус, како и слики од нејзините помлади денови.
Живее во голема куќа што ја добила од министерот, а со неа живеат и нејзината сестра и ќерка. Таа има голема градина каде што одгледува зеленчук што го јадат нејзината ќерка и сестра и пријателите кои доаѓаат.
„Готвам колку сакам, но никогаш немам апетит“, вели таа.
„Како и кога престанавте да јадете?“
„Пред 16 години ме разбудија родителите и ми рекоа да појадувам и да одам на училиште, се правев дека сум јадела и оттогаш ниту јадам ниту пијам“.
„Дали отидовте на лекар и што ви кажаа?„
„Отидов кај докторот кој ме прегледа. Мислеше дека сум луда, но не бев. Не најде храна во мојот стомак. Дури се прашуваше како родив дете. Но, не можев да ја дојам неа, немав доволно млеко“.
„Од каде доаѓа вашата енергија ако не јадете и пиете?“
„Не знам, јас сум од таква природа. Но, тоа го гледам како Божјо дело, што друго би можело да биде.“
Таа вели дека се сеќава на последниот оброк што го изела, но дека мисли дека никогаш нема да има момент кога повторно ќе посака да јаде. Тој вели дека секој што не и верува или се сомнева дека не јаде и не пие, нека дојде да помине време со неа и ќе видат.
„Јас сум голем верник, цело време одам на гроб и таму има света вода - не ја ни пијам.“
Оваа жена тврди дека била кај 4 различни лекари и сите рекле дека е здрава, но немаат објаснување зошто не јаде.
Фото и Видео: Youtube