Овде мажи не смеат да влезат, а има толку жени: Зошто?
Постојат многу хотели во Шпанија кои се дозволени само за мажи, и конечно еден е резервиран само за жени.
Во Мајорка, отворен е хотел кој им овозможува само на жените да влезат во неговите простории, но само ако се над 14 години.
Хотелот нуди целосна удобност за сите гости во форма на луксуз, пространи бањи, библиотека, тераса на покривот, традиционалнијадења и забава.
Покрај тоа, организирани се екскурзии околу островот и културни активности.
Енрико Капеља, претседател на „Хотели Сом„, рече дека пред да се отвори хотелот, направиле тест и откриле дека жената повеќе би сакала хотел за себе. Во хотелот се вработени и мажи, бидејќи законот за родова дискриминација ги штити мажите, но предност им се дава на женскиот персонал.
„Една од нашите цели е да обезбедиме одредена видливост кај жените што работат традиционално машки работи“, рече Капеља.
Бројот на соло патувања се зголемува, а студијата на „Бритиш ервејс“ откри дека скоро 75 проценти од жените планираат да патуваат без машко друштво.