Овој човек е вистински медицински феномен: Само репродуктивните органи му се единствените на нивно место

Драгутин Пајиќ (60), родум од Јадранска Лешница, во Лозница и пошироко, е познат по својата социјална работа, но и по тоа што е вистински медицински феномен. 

Тој е еден од ретките луѓе во целиот свет на кој му е дијагностицирана „situs inversus“, што всушност значи дека неговото срце е на десната страна, а другите непарни органи како што се слепото црево, слезината, панкреасот се на левата страна. Репродуктивните органи се единствените на нивно место.