Овој детаљ го направи принцот Вилијам најпосакуван маж: Фановите ги воодушеви промената што ја направи (ФОТО)

Принцот Вилијам се врати на работа со нов имиџ. Тој вчера присуствуваше на свеченоста на воената матура. Тој им се обрати на новите офицери кои дипломираат на РАФ Кронвел.

Принцот за таа пригода облече свечена униформа, а сите забележаа промена кај него. Имено, тој реши да ја задржи брадата која почна да ја носи на почетокот на летово, кога ги полуде своите обожавателки.

View this post on Instagram

A post shared by Daily Mail Royals (@dailymailroyals)

Социјалните мрежи се‘ уште се преплавени со коментари за неговата „секси брада“ и многумина се согласуваат дека Вилијам одамна не изгледал подобро.

„Барам принцот Вилијам веднаш да се извини што е толку убав“, „Брадата на Вилијам се врати! Да се ​​надеваме дека овој пат ќе го држи бричот подалеку“, се дел од многуте реакции на новиот изглед на принцот, пренесува Story.hr.


Инаку, Вилијам за прв пат се појави со брада во видео во кое тој и Кејт покажаа поддршка за британските спортисти кои учествуваат на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Многумина уште тогаш го пофалија неговиот изглед, па беа разочарани кога тој беше снимен без брада неколку недели подоцна во автомобилот со Кејт.


Фото: Youtube / Instagram

Видео: Youtube