Овој хотел е во Хрватска: Новото чудо на Балканот
Вила Наи 3.3 е луксузен хотел изграден како дел од рид, сместен во 500-годишна маслинова градина на Дуги Оток во Хрватска. Списанието Форбс го опиша како еден од најочекуваните хотели на Средоземното море, хотелот доби уникатна структура, како копач. На своите гости им нуди луксуз, кој долго ќе го паметат.
Создадена како дело на познатиот архитект, Никола Башиќ, Вила Наи 3.3 целосно го намалува влијанието врз природната средина. Објектот доби зелен покрив со чија помош се вклопува со околината, истовремено комбинирајќи уникатно хотелско сместување со производствен погон за маслиново масло, нудејќи им на гостите сесии за дегустација.
Вила Наи 3.3 користи камен добиен од маслинови градини како свој градежен материјал, а можеме да го видиме во внатрешноста и на надворешните sидови. Внатрешноста е опремена и со дизајнерски парчиња мебел, кои се во совршена хармонија со природата.
Хотелот нуди осум луксузни единици за сместување на гости, со специјално дизајнирани дворови со поглед на маслиновите градини, додека има и бар и ресторан. Тука можеме да ги видиме базенот и сауната, како и спа-третманите базирани на маслиново масло во најчиста форма.
На крајот, можеме да кажеме дека Вила Наи 3.3 е совршен пример за еколошка архитектура која не и штети на природата, но се прилагодува на неа на најдобар можен начин, обезбедувајќи им на сите свои посетители вистинско уникатно искуство.