Овој научник има коефициент на интелигенција 210, на 15 години докторирал: Но, ова е цената на генијалноста

Ги пробија сите граници и како деца достигнаа високи нивоа во образованието, едниот на 13, другиот на 15 години. Што знае јавноста за Ким Унг-Јонг и Карл Вит? - Едниот е голема мистерија, а неговиот живот сè уште е интрига.

Првото дете генијалец Карл Вит стана доктор на науки на 13-годишна возраст и е прв во Гинисовата книга на рекорди за најмладиот човек кој ја добил оваа диплома.

Роден е во 1800 година како син на свештеник кој го одгледал во религиозна средина. Таткото инсистирал на важноста на учењето додека неговиот син растел. Кога Вит имал девет години, зборувал германски, француски, италијански, латински и грчки.

Тој го посетуваше Универзитетот во Гисен каде што го доби својот докторат. Неговиот татко напишал книга за образованието на неговиот син, „Образованието на Карл Вит: Или, обучувањето на детето“, што предизвика бројни контроверзи во Германија, но беше бестселер во Кина на почетокот на 21 век. Голем број Кинези очекуваа дека читањето ќе им помогне на нивните деца да станат генијалци, како што беше Карл Вит.

Голем дел од животот на Карл Вит остана мистерија, се вели дека тој патувал во Италија во 1818 година и дека во еден момент сакал да биде адвокат. Бил голем љубител на литературата, особено на делата на Данте.


Ким Унг-Јонг е роден е 1963 година и има коефициент на интелигенција 210. Универзитетското образование го започнал кога имал три години, а докторирал на 15 години.

Почнал да работи за НАСА кога имал само осум години и продолжил да работи таму додека не дипломирал. Тој нема убави спомени од детството бидејќи тогаш се чувствувал многу осамено, преоптоварен од многу мислење. Работи на национален универзитет во Кореја. Вели дека квалитетите на човекот, како и неговите достигнувања и успеси во животот не се мерат исклучиво со неговиот академски успех. А коефициентот на интелигенција покрај сите бенефити му задава и проблеми. Размислува со брзина на светлината и мислата му е побрза од зборот, што доведува да се збуни во одредени моменти.

Фото: Јутјуб принтскрин
Извор: zena.blic.rs