Тренд // Патувања
Овој пат дефинитивно се најдолги колони што имам видено: Инфуенсерката Јанева заглавена на граничниот премин Богородица
Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираше дека на граничниот премин Табановце за влез во Македонија се чека околу 30 минути, додека на другите гранични премини нема поголеми задржувања за влез во државава.
Сепак познатата македонска инфлуенсерка вели дека времето на чекање е подолго.
- Очекувано е да има гужва за време на сезона, ама овој пат дефинитивно се најдолги колони што имам видено. Повеќе од еден час чекаме на автопат и конечно ја гледаме Окта. Да ве предупредам сите што планирате да одите викендов, сигурно ќе има 3+ часа чекање - напиша инфлуенсерката.
И на камерите на граничниот премин Богородица за излез од земјава се гледа долга редица од возила,составена главно од македонски и српски туристи кои одат на одмор во Грција.