Овој пат е дефинитивно: Сер Мајкл Кејн замина во пензија
По објавувањето на неговиот најнов филм, актерскиот ветеран Сер Мајкл Кејн изјави дека се повлекува од актерството.
Актерот награден со Оскар, Златен глобус и БАФТА има позади себе огромна филмографија, вклучувајќи ги филмовите „The Italian Job“, „Interstellar“, „Inception“, „The Prestige“, „Now You See Me“ како и „Бетмен“ на Кристофер Нолан. Неговата акриера траеше речиси 7 децении.
Послениот филм, „The Great Escaper“, кој беше објавен на 6-ти октомври, Кејн го игра вистинскиот ветеран од Втората светска војна, Берни Џордан, кој бега од старечки дом за да присуствува на прославата на една прослава.
„Единствените улоги што можам да ги добијам сега се за 90-годишни мажи“, изјави тој за странските медиуми.
Сер Мајкл изјави декаја одбил улогата во филмот три пати пред, на крајот, да се согласи бидејќи се сметал себеси за пензиониран. Следниот месец би требало да излезе неговиот роман наречен „Deadly Game“.
Фото: screenshot