Овој телефон можете да го користите цел живот: Сами можете да го поправите и скоро и да не се расипува воопшто!

Денес е познато дека сите модерни телефони имаат многу краток рок на траење. После само неколку години употреба (а понекогаш и не толку многу), ние ги менуваме старите модели за нови, и тоа, освен што не е добро за нашиот паричник, не е добро ниту за околината. Една компанија одлучи да им обезбеди на клиентите алтернатива.

Fairphone е компанија од Амстердам. Тие имаат многу различен пристап за правење телефони. Телефоните се направени од рециклирани материјали и покрај овој телефон добивате и:

Можност за повторна употреба и рециклирање.

Сведоци сме дека секоја година корисниците фрлаат / се ослободуваат од своите стари уреди што едноставно не се направени за да траат. Потоа на секои неколку години се купува нов модел без старите верзии да се рециклираат и да се користат за нешто друго. Тие главно завршуваат отфрлени на некои депонии. Fairphone има за цел да го направи вашиот телефон да трае што е можно подолго. Имено, тие продаваат резервни делови и нудат бесплатни упатства за поправка на вашиот телефон. Поправката е многу едноставна и ви овозможува да заштедите пари и да и помогнете на околината.


Долготраен дизајн

Овие телефони не се за еднократна употреба. Не е неопходно да се купат додатоци цело време. Ќе бидете задоволни со овој уред со години, дури предвидуват дека може да ве служи и 50 години.

Во моментов има 3 верзии на овој телефон на пазарот (Fairphone 1, Fairphone2 и Fairphone 3). Цената е 430 евра за сега, што е во истиот опсег како и повеќето други паметни телефони.

Погледнете ја презентацијата: