Па дали е можно?! Типов добил на лотарија, а потоа му се случило чудо додека снимале прилог
Бил „беше мртов“ 14 минути, а потоа следеа низа чуда.
[Фото: Твитер]
Бил Морган се прослави во Австралија откако доживеа чудо. Имено, Бил доживеал сообраќајна несреќа во 2008 година, а потоа имал алергиска реакција на лекови и срцето му престанало. Болничарите и полицијата констатирале смрт на местото на настанот, со нив се согласил судскиот вештак, а неговото тело било испратено во мртовечница.
Меѓутоа, по 14 минути, Бил неочекувано покажал знаци на живот, што го довело до клиничка смрт, но набрзо се вратил во живот. По 12 дена Бил станал од кома и на изненадување на сите бил сосема здрав, односно немал претрпено никаква штета.
Чудо по чудо
По ова чудо, Бил добил втора шанса во животот, која решил да ја искористи на најдобар можен начин. Тој стана познат по неговите хуманитарни активности, вклучувајќи дарување крв и учество во кампањи за помош на сиромашните и невработените.
Но, Мораган се прослави и на австралиската телевизија откако освои автомобил во ТВ квиз. Со оглед на тоа дека телевизијата ја знаела неговата приказна, решиле да снимат филм за него. Во прилог Бил купил лоз, а потоа се случило уште едно чудо...
Бил добил пари на лотарија пред телевизиските камери и, се чини, го „зацементирал“ статусот на најсреќниот човек на светот.