Пабло Пикасо со вино од Македонија го сликал постерот „Битката на Неретва“
Битката на Неретва е најскапиот филм некогаш снимен на овие простори. Во поранешна Југославија беше најгледаниот филм на сите времиња, а и денес важи за филмско ремек дело.
Врвниот сликар Пабло Пикасо кој е роден на денешен датум, во својата кариера има направено само два филмски постери. Едниот за шпанскиот филм „Андалузијското куче“ од 1929 година, а другиот за „Битката на Неретва“.
Приказната за плакатот започнува во 1964 година во Монте Карло, каде документарецот на Вeљко Булајиќ „Скопје 63“ му беше доделена Гран при златната нимфа и наградата на критичарите. Претседател на жирито беше францускиот академик Марсел Ашард, кој престојуваше со својот пријател Пабло Пикасо за време на фестивалот и му покажа копија на филмот во неговото студио.
Пикасо дојде на завршната церемонија на фестивалот и му честиташе на Вељко . Неколку години подоцна, Булајиќ му предложил на агентот на Пикасо во Париз да побара од него да направи постер за филмот „Битката на Неретва“.
Откако го гледаше филмот и ги проучуваше настаните во филмот, Пикасо потврди дека ќе направи постер, но дека ќе земе дел од неговата слика Сабина и побара само бојата на плакатот да биде црвена. Меѓутоа, не побара никаков надоместок, а единствено негово барање беше да се набават 12 шишиња вино од Југославија.
Пабло Пикасо најде инспирација за филмскиот постер во митот за Сабина, што беше мотив на неколку негови слики. Овој постер ги има сите карактеристики на кубизмот на Пикасо. Неговата геометриска структура носи вистинска монументална височина и, со низа моќни ликови, потсетува на агонијата и апсурдноста на војната. Светло-црвената боја на плакатот симболизира херојство, страдање, крв и борба за слобода.
Постерот за филмот „Битка на Неретва“ беше отпечатен во ограничено издание и секоја копија беше потпишена од Пикасо. Њујорк Тајмс го објавуваше постерот неделно во 1.200.000 примероци.
Пред премиерата на филмот, се разви дискусија за тоа кому би припаѓал. Имаше идеи да припадне во Сојузното собрание, во Извршниот совет или во кабинетот на Тито. Постерот го задржа Ве Булајиќ затоа што тој плати за тоа.
И, како што рековме, само 12 шишиња вино, затоа што тоа го бараше Пикасо. Веjко Булајиќ му направи одлична колекција на вина од Србија, Далмација и најмногу од Македонија.