Пациентите со срцеви и белодробни заболувања најпогодени: Скопје повторно се гуши од загаден воздух
Со доаѓањето на зимата, концентрацијата на штетни материи во воздухот се зголемува. Граѓаните, а особено категориите со висок ризик, се соочуваат со тежок период. Апелите на експертите не стигнуваат до надлежните органи....
Скопје вечерва е 7- ми најзагаден град во светот, стои на страницата air visual.
Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Охрид, Свети Николе е високо загаден, покажуваат податоците од мерните станици.
Битола, Кавадарци, Кочани и Велес овој пат имаат малку почист воздух од другите градови.
Во светски рамки, од балканските градови позагадено од Скопје е само Сараево, кое се најде на високото 4-то место.
Скопје лани беше најзагадениот град во светот. Веднаш од него, Сараево се најде на тој неславен список. На Интернет порталот AirVisual, овие два градови со денови беа меѓу десетте најзагадени во светот. Често се зборуваше дека нема простор за паника и дека станува збор за „вообичаено загадување за овој период од годината“. Ама сега проблем плус- коронавирус!!!
Додека во многу балкански градови воздухот е загаден главно во текот на зимата, во нашиот главен град е лош во текот на целата година. Па така и деновиве кога нивото на штетни честитки ги надминува основните вредности за неколку пати.
Најтешко за хронични пациенти
За хроничните пациенти, есенско- зимската сезона во Скопје отсекогаш била сезона на задушување. Најлошото е што не можат слободно да се движат кога е смог, и мора да се оди на лекар, да работат ...
Лекарите потврдуваат дека загадувањето во градовите најмногу ги загрозува органите за дишење. Зголемената концентрација на штетни материи во воздухот може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцеви заболувања и рак. Пациентите со срцеви и белодробни заболувања се почувствителни на загадување, а децата и старите лица се особено изложени на ризик. Болести предизвикани од бактерии и вируси, така што бројот на бронхитис и пневмонија се зголемува овој период.