Паднал од коњ и останал инвалид, жена му го напуштила после 10 години брак, му го оставила синот и заминала со поранешниот зет: Потоа следело уште поголемо разочарување

Босанецот Ермин Хусика е роден како целосно здраво бебе, но како тинејџер доживеал страшна несреќа – паднал од коњ и, според медицинските извештаи, станал 90 отсто инвалид.
Сепак, неговата огромна желба за живот ги надминува сите пречки, па Ермин се труди да му обезбеди на својот син што подобра иднина и кров над главата.
Од родниот Какањ се преселил во селото Тупковиќи поради работа, каде што дал капар за куќа и вложувал сè што ќе заработел во куќата.
Благодарение на добри луѓе добил и донации, што барем малку му ја олеснило борбата. Токму кога се појавила светлина на крајот од тунелот, сопругата го напуштила по десет години брак. Наскоро останал и без работа и морал да ја напушти куќата што ја капарисал и веќе ја реновирал.
– Таму беше многу убаво, работев сè што можев, целата фарма ја одржував. Сè што заработив го вложив во таа куќа, сигурно меѓу 15 и 20 илјади евра. И морав да се иселам. Ми помогнаа многу и луѓето и соседите, но се трудам никому да не останам должен. Подобро би се обесил отколку моето дете да нема сладолед кога ќе посака. Подобро се грижам за него отколку кога беше жена ми тука – вели Босанецот, кого сопругата го оставила и заминала со поранешниот маж на нејзината сестра, а тврди дека целиот план го скроиле преку Фејсбук.
– Желба ѝ беше само да го средиме ова и да се вселиме во нашата куќа – зборуваше, за потоа да ме напушти.
– Јас во куќата, куќата празна, шок, рани, стрес. Го зела детскиот додаток во износ од 250 до 300 марки и со тоа платила такси. Тоа го средила преку Фејсбук, таму со мажот на сестра ѝ. Сè прочитав. Беше кај мајка ѝ еден-два дена. Јас уште истата ноќ ја известив полицијата дека самоволно заминала, без уцени, без тепачки, без никакви проблеми. Само си замина... Некои работи никогаш нема да ги разберам, но тоа не ми дава право да осудувам – раскажува Ермин.
Додава дека го мамела со објаснувања дека мајка ѝ е болна. Кога увидел дека сè е лага, веднаш поднел тужба за развод, која наскоро треба да се заврши.
– Сето тоа адвокатот го среди, уште едно рочиште и треба сè да биде готово. Нема веќе никаков контакт со неа. Неколку пати го повика синот на видео повик, но тој не сака ни да слушне за неа – вели Босанецот.
Се вратил во своето родно место во својата куќа, која исто така е недовршена, па повторно почнува сè од почеток. Но, вели дека многу му значи поддршката од семејството.
– Многу е тешко кога нема жена во куќата. Ми помагаат навистина многу мајка ми и снаата, повеќе отколку што сум можел и да замислам. Благодарен сум им. До крајот на летото ќе се обидам да направам фасада и тераси. Се вратив и на старото работно место, повторно работам како ноќен чувар, сите поранешни колеги ме примија со убавина.
Но, во љубовта никако да ја најде среќата, иако цврсто верува дека ќе ја најде судбинската.
– Повторно се оженив. Преку Фејсбук се допишувавме, ја донесов во оваа куќа. По месец и половина и таа си замина додека бев на работа. Неколку дена пред тоа отидовме во голем шопинг во Какањ, за да не одиме често на секои два-три дена. Тоа утро, пред да си замине, ѝ оставив и двеста марки, да има за што ѝ да ѝ притреба. Сè што купивме и парите што ѝ ги дадов, ги зела, а по неа дошле сестра ѝ и роднина. Се слушнавме нешто потоа, наводно отишла во Хрватска да работи и ми рече дека ќе ми врати сè што му земала – вели низ воздишка.
Најважно му е синот да го изведе на прав пат и да го школува.
– Па што да кријам, така е – како што е. Да, инвалид сум од 14 години, паднав од коњ и добив излевање на крв во мозокот, бев 24 дена во кома. Но, имам волја за живот и да создадам за себе и за детето. Тешко е да се биде самохран татко, но се борам – заклучува Хусика.
Извор: still.kurir